Театар на сенки – работилници за деца во Виница!

ОТВОРЕН ПОВИК
за учество во театарски работилници за деца!

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
На работилниците можат да учествуваат деца од 8 до 12 год.
Бројот на учесници е ограничен!
Учеството е бесплатно.

КОГА?
Пријавувањето е најдоцна до 16.09.2022. Работилниците започнуваат на 17.09.2022 год, сабота, и ќе се одржуваат секоја сабота во текот на месец септември и месец октомври.

КАДЕ?
Работилниците ќе се одржуваат секоја сабота од 17:00 до 19:00ч во просториите на Домот на култура во Виница.

ШТО Е ТЕАТАР НА СЕНКИ?
Театарот на сенки е мистична театарска форма која потекнува од Индија, Тајланд па преку Турција доаѓа и до кај нас. Станува збор за создавање приказни со театарски кукли/фигури пред светлото, позади белото платно, кои се движат како сенки. Овој начин на театарски израз нуди бесконечни можности на креација и игра со форма и боја, како и создавање ликови и приказни и е загарантирана забава за секоја генерација.

ИДЕЈА И ЦЕЛ?

Поентата на овие работилници е децата да стекнат неколку нови знаења и вештини, настрана од формалното образование, на креативен и забавен начин. Преку начинот на работа во група и социјализација, да се запознаат со целиот процес на создавање театарска претстава со сенки, и самите да бидат креатори на сите чекори во создавање на истата. Ќе имаат можност да работат на создавање приказна/драмски текст, креирање ликови, работа на визуелен приказ на ликовите преку цртање и моделирање, работа со светло и филтри, изведување на театарска претстава со сенки, како и актерска креација на ликовите и нивна интерпретација. Со ова, децата ќе се стекнат со нови вештини: подобра самодоверба, правоговор и вежбање на литературен јазик, креативно изразување, ослободување од трема, збогатување на личниот вокабулар, когнитивен и физички развој, ослободување на фантазијата и имагинацијата и нивна реализација во креативен производ.

Работилниците ќе ги раководат дипломирани актери – Нина Максимова, Благојчо Стојанов и Јанка Лефкова.За пријавување јавете се или пишете смс/вибер порака со информарции за Вашето дете (име и презиме и возраст) на следните броеви:

076526257
076526256
078832595

Линк од завршниот настан од Работилниците во Кочани, односно првиот дел од проектот “Од имагинација до креација” –

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10220333051587573&id=1567967782

Ве очекуваме!

Сподели: