Продавачите на текстил и облека на кочанскиот пазар не ја почитуваат одлуката на Општинскиот кризен штаб за реорганизација на Градскиот пазар.
Тие денеска ги поставија тезгите од левата страна на улицата „Гоце Делчев“ иако сеуште на сила е одлуката на Кризниот штаб со кој со која се предвидува тезгите да се поставуваат исклучиво од десната страна на улицата и на торотоарот со пропишано растојание.
Тоа наиде на револт од жителите на улицата „Гоце Делчев“ кои до нашиот портал испратија фотографии и реагираа на непочитувањето.
Директорот на КЈП„Водовод“ Андреј Киров, под чија надлежност е Градскиот пазар, во кратка изјава за гласно.мк информираше дека екипи на комунални редари и полицијата започнале со отстранување на диво поставените тезги со цел да се врати редот на улицата.
Реорганизацијата на пазарот се наметна како потреба со цел заштита на населението од болеста КОВИД-19, но и ослободување на пристап на улицата заради полесно движење на жителите и воспоставување на нов режим на организација на пазарот.
Иако за непочитувњето на мерките вината секогаш се бара кај граѓаните, тоа не го ослободува од одговорност Општинскиот кризен штаб со засилена контрола доследно да ги спроведува одлуките кои ги донесува, затоа што сведоци сме дека во пракса тоа не е така.
И.Матеничарски
Фото А.Арсов