Тело на починат маж пронајдено во одводен канал во с. Соколарци

Тело на починат маж кој претходно бил пријавен за исчезнат е пронајдено во одводен канал во с.Соколарци.

Како што информираат од полицијата „На 17.09.2021 во Полициската станица Кочани било пријавено дека во одводен канал во с.Соколарци, кочанско, бил пронајден починат С.К.(84) од с.Соколарци, за кој на 14.09.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството“, соопштија од СВР – Штип.

Сподели:
  •  
  •  
  •