Во неделата на тениските терени во Велес се играше финалниот натпревар од турнирот „Велес Опен“ 2020.
Во конкуренција на четириесет и осум натпреварувачи, тенисерот Коста Иванов од Кочани го осови првото место на турнирот, што веќе традиционално дванаесета година се одржува во Велес.
На тениските терени се играше кочанско финале, бидејки противник на Иванов беше неговиот сограѓанин Благој Темелков. Иванов беше поуспешен на дуелот со резултат од 2:0 во сетови, (6:1, 7:5) со што сосема заслужено го освои првото место на натпреварувањето.
Турнирот беше во организација на тенискиот клуб „Борец“со финансиска поддршка на Општина Велес.
И.Матеничарки
Сподели: