Полициски службеници вчера во Трговскиот центар во Кочани лишиле од слобода две лица, откако претходно физички нападнале 27 -годишник од Кочани.
Како што информираат од полицијата, „На 05.01.2022 во 20.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода И.Т.(25) и Д.А.(28), двајцата од Кочани, затоа што во 19.45 часот во трговски центар во Кочани физички го нападнале Х.А.(27) од Кочани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.