При денешната теренска посета, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети ридско-планинските предели на Кочани, односно работните активности на локалниот пат Крушка – Ајдар и браната Речани.
Целта на денешната посета беше увид во работите и напредокот во реализацијата на работите за изградба на втората фаза од локалниот пат Крушка – Ајдар во должина од околу 800 метри, со вредност од околу 6 милиони денари.
Изведувач на градежните работи е фирмата „Стоименов“.
Браната Речани е објект од значаен карактер за целата општина, бидејќи водата ќе може да се користи за повеќе намени. Во моментот се работи на припрема за бетонирање на оточниот тунел, пробивање на бочниот преливник, пробивање на вертикалното окно и уште многу други градежни работни активности.
Во моментот се врши и теренско расчистување на пристапните патишта низ ридско-планинските пределени, кадешто работи фирмата „Калина“ Дооел.
Општина Кочани