Се прошируваат зоните во Кочани кои се дезинфицираат. Територијалната противпожарна единица – Кочани утрово ги миеше јавни површини во Кочани: околината на бензинските пумпи, аптеките, на неколку јавни институции.
Примената на мерките од страна на локалните институции е редовна. Целта е да се спречи внесувањето и ширењето на коронавирусот.
Од ТППЕ – Кочани повикуваат граѓаните да постапуваат одговорно кон своето и здравјето на другите и да ги почитуваат мерките и препораките од Министерството за здравство и Светската здравствена организација.