Тестирањето за дополнително пријавените кандидати за реонски попишувачи и инструктори ќе се одржи на 20 август 2021

Комисијата за Пописниот реон 13 (Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево) ги известува кандидатите кои во периодот од 17 до 18 август 2021 година се пријавиле најавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори запопис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија,дека тестирањето ќе се спроведе на 20 август, во простории (училници) на СОУ„Љупчо Сантов“ во Кочани.

Пријавените кандидати ќе се тестираат во групата 11, со почеток од 9 ч.Доколку до крајот на рокот дополнително се пријават нови кандидати и тие ќе треба дасе јават на тестирање во истиот термин.

Распоредот на тестирањето по групи е објавен на веб-страницата на Општина Кочани

Сподели: