Течат активностите од проектот „Фузија“ на Еразмус плус програмата

Во гимназијата „Љупчо Сантов“  течат едукативните работилници за подобрување на ИКТ вештините на професорите учесници во проектот „Фузија“,  на Еразмус плус програмата.

Во својство на едукатор, Сашко Андонов од компанијата „Techko net“, ги едуцираше професорите за основно  базично програмирање со програмскиот јазик „scratch“, програмирање базирано со блокови.  Како што додаде Андонов, професорите ќе можат да го користат стекнатото знаење во нивната едукација со учениците и да остварат одлични резултати. 

Едукативната работилница се спроведува во рамки на проектот „Фузија“ на Еразмус плус програмата за професори од пет земји , меѓу кои Франција, Шпанија, Турција, Унгарија и Македонија.

И.Матеничарски

Сподели: