Тешко гостување против лидерот на табелата „Брегалница“ ги очекува фудбалерите на ГФК „Осогово“ во Штип, во рамки на четвртото коло од Втората Македонска фудбалска лига-Исток.
Дуелот е закажан за в сабота, со почеток од 19:00ч на Градскиот стадион во Штип.
„Жолто-сините“ ќе имаат тежок меч пред себе, со оглед на фактот дека штипска „Брегалница“ е противник кој има амбиции за влез во Првата Македонска фудбалска лига.
„Осогово“ имаше лош старт на првенството и во минатите три гола забележа два порази од „Кожув“ и „Тиквеш“, и еден нерешен резултат со пехчевски „Кит-Го“. Со тоа се наоѓаат на претпоследната позиција во ВМФЛ-Исток со само еден бод на табелата и гол разлика од 3 постигнати и 8 примени гола.
На останатите средби во Втората Македонска фудбалска лига- Исток ќе се сретнат:
„Кит-Го“ – „Тиквеш“
„Победа“-„Плачковица“
„Росоман“-„Каменица Саса“
„Слога“- „Кожув“
Средбите се закажани за в сабота, 19 септември со почеток од 15:30ч. Натпреварите ќе се играат без публика.
И.Матеничарски