Тешко повреден жител на село Жиганци

На 06.04.2020 во 11.55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Чардаклија, А.Г.(38) од с.Жиганци, управувајќи работна машина „ОМ-фиат“, изгубил контрола над машината и се превртел. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial