Вчера вечер во 21.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на патот Штип – Кочани, кај село Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот Д.С. од село Тркање и патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот С.Ј. од село Крупиште – општина Карбинци, соопшти МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Кочани, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.