Тешко повреден 35 годишник – со мотоцикал излетал од пат

На 11.10.2025 во 14:20 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на земјен пат кај с.Оризари, кочанско, кај местото викано „Лозата“, 35-годишниот Д.Б. од с.Градец, виничко, управувајќи мотоцикл „хонда“ излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Сподели: