Тинејџер од Кочанско силувал пијана малолетничка, па ја однел во болница

Полициски службеници од ОВР Кочани денеска го лишиле од слобода И.А.(19) од кочанско село.

Тој се сомничи дека, по претходно консумирање алкохол, откако паднала во бессознание, извршил обљуба врз малолетна девојка од кочанско село, по што ја однел во болница за укажување на лекарска помош.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дневен билтен на МВР

Сподели: