На 13.04.2020 во 12.25 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Теодосија Паунов“, С.С.(18) од Кочани,управувајќи велосипед, паднал на коловозот.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.