Тобако „Анафил“ постави собирен пункт за помош на Пехчево

Поради големите пожари што сѐ уште се активни во околината на општините Делчево и Пехчево, Тобако „Анафил“ од денеска постави собирен пункт за донирање на храна, вода, пумпи за вода и друга опрема за гаснење на пожар, донација која ќе биде доставена до опожарените подрачја во Пијанечко-малешевскиот регион.

-Почитувани пријатели, пожарот во Делчево е сѐ уште активен и бргу се шири во правец кон маалото Пасјак и кон с. Тработивиште и се има префрлено на територијата на општина Пехчево. Ве информирам дека денеска во Кочани, пред Тобако „Анафил“ ќе биде поставен активен собирен пункт за помош на Пехчево! Оние кои сакат да помогнат со храна, вода, пумпи за вода или друга опрема за гасење да ја остават на пунктот, истата ќе биде доставена до граѓаните на Пехчево!, рече Гоце Јаневски, сопственик на Тобако „Анафил“.

Сите заинтересирани граѓани може да го посетат Тобако „Анафил“ и да донираат во текот на целиот ден.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели:
  •  
  •  
  •