Тоше Манов избран за спортист на Кочани за 2022 година

Фудбалерот Тоше Манов од Градскиот фудбалски клуб „Осогово“ е избран за спортист на Кочани за 2022 година. Изборот го направија новинарите од дел од локалните медиуми од Кочани, врз основ на успесите на младиот фудбалер во минатата година.

На втората позиција според бројот на гласови се најде каратистот Филип Стојанов од КК „Партизан“, додека шахистката Јована Давиткова беше третто рангирана.

Членовите на пинг-понгарскиот клуб „Кочани“ оваа година се прикажаа добра игра и забележителни резултати поради што се закитија со признанието за Најдобра екипа за 2022 година.

Признанието за Најдобар тренер му припадна на Оливер Јовановски од ЖФК „Кочани“.

Комисијата одлучи годинава да додели признанија на сите предложени спортисти во категоријата Млад надежен спортист на Кочани за 2022 година.

Признанието за Најдобар спортски работник/спортска личност му припадна на Бранко Богатинов, номиниран од ГФК „Осогово“.

Посебно признание ќе биде доделено и на фудбалерот Јован Манев кој ги брани боите на турскиот прволигаш „Адана Демирспорт“

Новинарите одлучија ЗГ „Никола Мантов“ да добие посебно признание за поддршка што ја даваат во опремување на младинските и сениорски категории на ГФК „Осогово“.

Изборот го направија новинарите од локалните медиуми, „Радио Кочани ФМ“, „Телевизија Кочани ЛД“ и порталите „Комарец“ и „Гласно“.

Манифестацијата за доделување на признанијата и наградите на најдобрите спортисти е планирана да се одржи следната седмица.

И. Матеничарски

Сподели: