В сабота, 1 февруари 2025 г. во спортската сала на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари по 8-ми пат ќе се одржи традиционалниот фудбалски турнир во сала, „Св. Атанасиј Велики“.
Натпреварите започнуваат во 11:00 часот. Право на настап имаат играчи родени 2011 година.
Освен домаќинот „Академија Тошев“ на турнирот учествуваат и екипите на „Осогово“, „Фудбал Старс“ и „Каменица Саса“.
Турнирот се организира традиционално по повод празникот на Оризари, „Св. Атанасиј Велики“.