Традиционална предновогодишна средба на градежниците од Кочани

Претставници на градежни и проектантски фирми, стоваришта, занаетчии и останати учесници во градежништвото денеска во Кочани ја реализираа традиционалната предновогодишна средба на градежници од општината.

Средбата всушност е продолжување на традицијата и е по иницијатива на градежниот инспектор во Општина Кочани, Николчо Гоцев со цел запознавање и споделување искуства и проблеми со кои се соочуваат во нивното работење.

Градежниците имаа можност да споделат заеднички предизвици во својата област на работење со цел изнаоѓање перспективи и олеснување во целиот процес на градба.

Најголем дел од проблемите со кои се соочуваат градежниците се во делот на урбанистичкото планирање, особено во селските средини каде старите урбанистички планови ги ограничуваат во планирањето и изведбата на проекти.

Сподели: