Тренерот на ГФК „Осогово“ Кирчо Горгиев поднесе оставка

Кирчо Горгиев повеќе не е тренер на ГФК „Осогово“

„Јас како досегашен тренер на ГФК Осогово ја преземам одговорноста за досегашните резултати. Поднеснесувам оставка од позицијата шеф на стручен штаб. Благодарност до фудбалерите, управата, навивачите за досегашната поддршка. Од морални причини, овој потег е неизбежен, а на клубот кој ми е при срце и душа му посакаувам се најдобро и многу успех во продолжение од сезоната“.

Во следните денови ќе биде назначен нов тренер на екипата во пресрет на последните две кола од ВМФЛ Исток.

ГФК „Осогово“

Сподели: