Триесет и четири младинци од основните и средните училишта од Кочани ја поминаа последната трета обука од програмата Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности. Тие денес во просториите на ООУ „Раде Кратовче“ учеа за начинот на документирање на малите проекти, фазите на оценување како и критериумите по кои треба да се изработуваат проектите .
По обуките младинците се здобија со вештини за дејствување на терен, па така во следниот период , а заклучно со 30 април тие ќе изработуваат мали проекти за добробит на заедницата, преку активен пристап на терен, откривање на загрозени семејства и задоволување на нивните потреби.
Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности е проект кој се спроведува на национално ниво преку Општинските организации на Црвен крст, каде младинци на возраст од 14 до 17 години изработуваат проекти наменети за помош на социјално загрозени семејства од средините кадешто живеат.
На годишно ниво во Македонија преку ЦКА-ПХВ програмата се изработуваат по 150 проекти преку кои директно се помагаат околу 3000 лица.
И.Матеничарски




