Трето место екипно за БК „Спартак“ на Државното првенство во борење слободен стил – У15 пионери и пионерки

Во организација на Боречката федерација на Македонија и техничка организација на Боречкиот клуб „Балканец“ од Штип, вчера во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип се одржа Државното првенство во борење слободен стил – У15 за пионери и пионерки.

Кочанскиот боречки клуб го освои треттото место екипнона натпреварувањето, со заостанување од 2 бода од првопласираната „Лирија“ и еден бод второто место на штипски „Балканец“.

Во поединечна конкуренција „Спартак“ настапи со 15 борачи кои освоија 10 медали, два златни, три сребрени и 5 бронзи.

Златни медали освоија борачите Јован Илијев (48 кг.) и Филип Ангелов (86 кг.)

Сребрени медали освоија борачите Стојана Митева (54 кг.), Христијан Илијев (41 кг.) и Даријан Павлев (62 кг.).

Бронзени медали освоија Славица Митева (50 кг.), Едис Билалов (41 кг.), Павел Темелков (68 кг.), Матеј Максимов (75 кг.) и Андреј Коцев (85 кг.)

Без пласман на Државното првенство останаа Мартин Цветков, Илија Иванов, Кирил Хазуров, Андреј Јованов и Петар Богданов.

Зоран Сребренов, Иван Јанев и Влатко Соколов како тренери ја водеа екипата на „Спартак“, а на првенството судеа и кочанските судии Игор Христов и Гоце Ангелов.

Сподели: