Во организација на БК „Лирија“ викендов во Скопје се оддржа меморијалниот турнир во борење во слободен стил за мажи „Ментас Алајбегу и Ајруш Синани“ на кој учество зеде борачот Филип Ангелов од БК „Спартак“ кој го освои третото место во категоријата до 63 килограми.
Турнирот е од меѓународен карактер на кој се натпреваруваа стотина борачи од Р. Македонија, Р. Косово и Р. Бугарија во различни категории во слободен стил.
-Во неделата, на 22 ноември 2021 година во спортската сала на гимназијата „Зев Љуш Марку“ во Скопје се одржа меморијалениот турнир во борење слободен стил за мажи „Ментас Алајбегу и Ајруш Синани“ во организација на БК „Лирија“ -Скопје. Турнирот имаше меѓународен карактер на кој зедоа учество стотина борачи од Р. Косово, Р. Бугарија и од боречките клубови од Македонија. На истиот настапи Филип Ангелов, преставник на БК „Спартак“ од Кочани кој во категорија од 63 кг го освои третото место, соопштија од БК „Спартак“ – Кочани.
БК „Спартак“ – Кочани