Од 2 до 4 ноември 2022 година во Карловац ,Хрватска се одржа третиот транснационален состанок за наставници од Северна Македонија, Бугарија и Хрватска во рамките на проектот KA226-D49832E2 „Цели за одржлив развој за ученици“ од програмата Еразмус +.
На 3 и 4 ноември 2022 година, учесници од ООУ “Малина Попиванова” од Кочани, го посетија основното училиште Дубовац, град Карловац, Хрватска. За време на посетат се одржа и транснационален состанок кој траеше два дена, а на кој учествуваа учесници од трите држави учесници во проектот. Домаќините ги пречекаа учесниците со богата музичка програма, и со кратка туристичка тура низ градот Карловац, гостите имаа да ја почувствуваат неговата атмосфера. Сите работни сесии, средби и посети се одвиваа според однапред планираната програма на љубезните домаќини. Посетата на основното училиште Дубовац се претвори во вистинска размена на идеи и добри практики.
Учесници во проектот се: ООУ “Малина Попиванова: ,Кочани (координатор на проектот); Невладината организација “Еко- Логик” ,Скопје(проектни партнери)
ОУ “Дубовац”, Карловац Хрватска (проектни партнери) и ОУ “Кирил Христов” Стара Загора, Бугарија (проектни партнери).