Трибина за креирање на предлог – буџет на Зрновци за 2023 год.

Локалната самоуправа на Општина Зрновци ја реализираше најавената трибина за креирање на општинскиот Буџет за 2023 год.

На денешната средба со граѓаните беа презентирани проектите реализирани во 2022 год., а граѓаните имаа можност да дадат свои предлози за реализација на проекти во 2023 год.

– Ние во 2023 год. ќе започнеме со веќе обезбедени средства за изградба на канали за наводнување и каскади на река Зрновка, во висина од 9,5 милони денари. Реализација на проект што ќе реши повеќедецениски проблеми на земјоделците во Зрновци. Денес ги слушнавме и предлозите и идеите од страна на граѓаните. Заедно со Советот на Општина Зрновци ќе се потрудиме да изнајдеме средства за реализација на предложенте проекти, вклучувајки и изготвување на проект за комплетно реновирање и реставрација на спортското фудбалско игралиште во Зрновци и изградба на Спортска куќа во која ќе бидат предвидени повеќе простории за тренинг на  различни дисциплини – истакна Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци .

Во програмата за 2023 год. предвидени се предлог капитални проекти и изработка на проектни документации во делот на инфраструктурата, комунални работи, образование и посебен акцент на младите и нивно анимирање во заедницата.

– Општина Зрновци има мал и лимитиран Буџет, но со транспарентно презентирање на реализираните проекти и размислувања за наредната година преку идеи на граѓаните се надевам дека ќе успеат да се реализираат приоритетните проекти потребни за граѓаните на Зрновци, истакна Никола Мицевски , пратеник во Собранието на Р.М од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

И. Матеничарски

Сподели: