Трибина за млади на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска во Кочани, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, во Градскиот парк одржа трибина за младото членство на партијата.

На трибината се промовираа проекти од интерес за младите кои се дел од предизборната програма на партијата.  Меѓу проектите предвидени се 50 ијлади вработувања за млади, покачување на студентскиот оброк  и овозможување на подобри услови за живот на младите.

Присутните имаа можност да дискутираат со панелистите на средбата, меѓу нив Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на ВМР-ДПМНЕ, пратениците Миле Лефков, Драган Ковачки и Рашела Мизрахи.

Вечерва со почеток 20 ч. во Градскиот парк е закажана трибина за промоција на Гордана Силјановска Давкова, за претседателски кандидат од ВМРОО-ДПМНЕ и коалицијата.

Сподели: