Три бода за „КИТ -ГО“ и трет пораз во низа на “Осогово” во 2МФЛ-Исток

Со гол во судиското надополнување, Бошко Ступиќ од екипата на „КИТ-ГО“Пехчево го „ украде“ ремито што „жолто сините“го имаа се до 90’ минута на натпреварот од Втората Македонска фудбалска лига- Исток .

Мечот  го отвори Марко Димовски од „КИТ-ГО“  кој во 30’ минута постигна гол за водство на пехчевци, резултат од 1-0  со кој двете екипи заминаа на полувреме.

Во вториот дел  радост на кочанската публика донесе Влатко Коцев кој во 53’ минута  изедначи на 1-1, за на крај во втората минута од судиското надополнување , Ступиќ да го постигне победничкиот гол кој на пехчевци им донесе нови 3 бода на табелaта.

Со овој пораз Осогово останува на деветата претпоследна позиција од натпреварувањето. Шанса за поправен испит ќе имаат во последното коло од есенскиот дел од шампионатот, следната сабота на гости кај екипата на „ Победа“ од Прилеп.

И.Матеничарски

Сподели: