Полициски службеници од ОВР-Кочани вчера ги привеле Б.Д.(31) и Д.Д.(25) од с.Бања, И.Ј.(41) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево, информираат од МВР.
– По претходно добиени сознанија дека на подрачјето на Кочани се вршат прекршоци по чл.80 од Законот за оружје и кривични дела во врска со неовластено држење на оружје по чл.396 од Кривичниот законик, при извршена контрола од страна на полициски службеници, кај Б.Д. била пронајдена и одземена ловечка пушка сопственост на С.М. од Кочани, кај И.Ј. биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и Д.Д. кој недозволено поседувал оружје, соопштија од МВР.
По документирање на случајот против Б.Д. и Д.Д. ќе бидат поднесени кривични пријава по чл.396 од Кривичниот законик, а против И.Ј. и С.М. ќе бидат поднесени прекршочни пријава по чл.80 ст.1 од Законот за оружје.