Три лица повредени во сообраќајни несреќи во Кочанско

Вкупно три лица се повредени во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле изминатово деноноќие информираат од СВР Штип.

Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа која се случила рано утринава околу 04:20ч на магистралниот пат Делчево-Штип кај клучката викана “Кучичинска раскрсница”.

Патничко моторно возило “опел” со кочански регистерски ознаки управувано од С.М (21) од с.Теранци, излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.К (20) од с.Видовиште. Поради сериозноста на повредите истиот бил префрлен во Клиничкиот центар во Штип на понатамошно лекување.

Само неколку часа претходно во близина на Виница се случила уште една несреќа во која со телесни повреди се здобиле К.И (19) и М.Т (20) од Виница. По здобиените повреди лицата биле префрлени во кочанската Општа болница.  Во незгодата учествувале три возила, од кое едно управувано од лицето Љ.И (34) од Кочани  кој поминал со полесни повреди.

Увид на местото на несреќите извршиле увидни екипи од ПС Виница и СВР Штип .

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: