Во изминатото деноноќие регистирани се 3 нови случаи на коронавирус во Кочани.
Како што информираат од Министерството за здравство вкупната бројка на заразени во Кочани се искачи на 17 лица.
Во текот на изминативе 24 часа во Македонија направени се 386 теста од кои 29 се позитивни на вирусот.
Од утре на сила стапуваат и дополнителни мерки за ограничувања на движењето на граѓаните во државата.
Со нив се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија на државата, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, а за време на викенд од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.
И.Матеничарски