На 14.12.2019 во 23.20 часот на ул.Партизанска во Штип полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Љ.В(24) од с.Прибачево,кочанско и Б.Т.(20) од с.Ерџелија,светиниколско затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја, таблети екстази и марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Извор: Дневен билтен МВР