Убедлива победа на „Осогово“ во Свети Николе

Во четвртиот контролен меч денес ГФК „Осогово“ ја оствари втората победа откако славеше над „Овче Поле“ во Свети Николе со резултат од 2-5 (1-2).

Тренерот Кирчо Горгиев денес мечот го почна со еден комбиниран тим и со нова тактичка поставеност на теренот за разлика од претходните дуели (3-4-3).

„Жолто сините“ тргна супериорно и поведоа уште во 7. минута преку Тоше Манов кој во 25. минута веќе зголеми на 0-2. Домаќините во финишот на првиот дел намалија на 1-2.

Во вториот дел следеа низа промени во ГФК „Осогово“, па по две минути игра (47′) нововлезениот Михаилов погоди од далечина за 1-3. На 1-4 зголеми Трајановски во 78. минуа, за да „Овче Поле“ од слободен удар неколку моменти подоцна намали на 2-4. Конечниот резултат од 2-5 го постави Димовски во 87. минута.

Денешниот меч ГФК „Осогово“ го започна во следниот состав: Ивановски, Анеловски, Крклински, Стоиловски, Донев, Ѓорѓиев, Дончев, Глигоров, Паунов, Манов, Здравевски.

Сподели: