Убедлива победа на „Осогово“ над „Слога 1934“

Се одиграа натпреварите од 11-то коло во Втората македонска фудбалска лига – Исток.

ГФК „Осогово“ денеска на домашен терен со резултат од 3-0 ја совлада екипата на виничка „Слога 1934“.

Неочекуван кикс направи досегашниот лидер „Слога 1934“ на гости кај Осогово (3-0). По тврдото надигрување во воведниот дел, домашните фудбалери го отворија резултатот преку Иван Мицевски во 58. минута. Гостинскиот тим притисна за израмнување, но пред самиот крај „Осогово“ го одлучи прашањето на победникот, кога се израдува на два гола преку Тоше Манов и уште еден на Мицевски.

На останатите средби од ВМФЛ – Исток беа постигнати следните резултати:

По завршување на 11-то коло, „Осогово“ е на шестата позиција со 14 бода. Лидер на табелата е „Победа“ со 26 бода, еден бод повеќе од „Слога“ која долго време ја чуваше првата позиција. Заостанува „Саса“, која по одличниот старт, сега има 21 бод на третото место. 

Во следното коло „Осогово“ гостува кај екипата на  „Братство 07“ од прилепското село Житоше.

А. Арсов

Сподели: