Градоначалникот на Општина Чешиново – Облешево Горанчо Крстев денеска изврши увид на градежните активности за обнова на старите јавни чешми, во рамки на проектот за реконструкција и партерно уредување на јавните чешми во општината.
Според проектот планирано е да се реконструираат чешми во селата Бурилчево, Бања, Спанчево, Соколарци и Теранци во вредност од околу 1,2 милиони денари, средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како и од буџетот на општината.
Со реконструкцијата ќе се обезбеди нормален доток на вода како и изградба на мини паркови со соодветна урбана опрема.
Градежните работи планирано е да завршат до средината на декември .
