Во раните утрински часови од кругот на Општата болница со проширена дејност Кочани непознати сторители украле возило на Службата за итна медицинска помош.
Станува збор за возило марка „Тојота“ добиено пред повеќе од 10 години како донација од Јапонската амбасада.
– Кривично правниот настан е пријавен во дежурната служба на полицијата од страна на вработен од болницата во 03:40 ч.по полноќ. Полицијата веднаш постапи по пријавата при што утрово во 08:30 ч. возилото е пронајдено на ул „Кирил и Методиј“ во Кочани – истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Од СВР – Штип информираа дека работат на откривање на сторителите на случајот.
И. Матеничарски