Улицата „Плачковица“ добива нова водоводна мрежа

На улицата „Плачковица“ се поставува нова водоводна мрежа. Старите, дотраеницевки со мал профил се заменуваат со нови.

Проблемите со недоволниот притисок и недостигот на вода во оваа градска зона, над Автобуската станица, се надминуваат во погоден период, пред реконструкцијата на улицата.

– Работиме на поставување на главната мрежа на „Плачковица“, во должина од околу300 метри. Индивидуалните приклучоци се изведени до тротоарот. Старата водоводна линија сѐ уште е во функција, така што потрошувачите не се изложени на прекин на водоснабдувањето. Очекуваме новата водоводна линија да профункционира за една седмица – информира Давор Стојмилов од КЈП „Водовод“.

„Плачковица“ е една од седумте улици за реконструкција, според Програмата зауредување на градежното земјиште за 2020 година.

Градежни работи се одвиваат и на„Четврта македонска бригада“ (260 м), а за реконструкција се планирани и два кракана улицата „Маршал Тито“ (крак 1 – 90 м и крак 2 – 130 м), „Илинденска“ (250 м),„Коста Рацин“ (220 м) и „9 Мај“ (570 м).До крајот на 2020 година ќе се реконструираат и улиците „Раде Кратовче“ на потегот од плоштадот до Бавчалукот и „Гошо Викентиев“ (кај Колор).

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески неодамна најави дека Светска банкаго одобри првиот тендер за реализација на проектот за изградба и санација на локални улици и патишта во општините, вреден вкупно 70 милиони евра.

Во тие рамки,деновиве ќе биде распишана јавна набавка за рехабилитација на левиот крак на„Тодосија Паунов“, на потегот од Агенцијата за вработување до Кружниот тек кај Полицијата.

Градежните работи ќе опфатат и реконструкција на тротоарот на овој потег.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial