Уметници цртаат мурали на оградниот ѕид на стадионот „Никола Мантов“

Група млади уметници деновиве изработуваат мурали и го разубавуваат просторот на оградниот ѕид  кај влезот на западната трибина на стадионот „Никола Мантов“.

Во боите на клубот, уметниците цртаат мотиви за  ГФК„Осогово“, навивачката група „Сејмени“ и грбот на фудбалскиот клуб.

Планирано е период што следи да се изработат уште неколку уметнички креации со спортски мотиви, со што сивиот и празен ограден ѕид на стадионот ќе добие уметничко-спортска димензија.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial