ГФК „Осогово“ ги повикува сите лица на возраст од 10 до 15 години кои сакаат да го носат „жолто-синиот“ дрес , да се пријават на уписот за фудбалери во младинските категории на тимот.
По пријавувањето следува селективен период, а избраните младинци добиваат бесплатен комплет опрема од клубот, како и влез во натпреварувачка категорија во една од младинските лиги во државата.
Исто така за децата од ранливите категории и од семејства што примаат социјална помош, клубот доделува копачки и маичка при уписот на тренингот.
Од „Осогово“ информираат дека за оваа сезона планирано е организирање на турнири и тренинг кампови со познати европски клубови.
Контакт за пријавување:
078/804-832 – Зоран
078/340-511 Александар
или на е-маил : fcosogovo@gmail.com

И.Матеничарски