Уписи во ООМУ„Ристо Јуруков“ Кочани

ООМУ„Ристо Јуруков“ Кочани започнува со уписи во новата учебна 2020/2021 година.

Поради моменталната состојба во државата, уписите ќе се вршат со онлајн пријава на веб страницата на училиштето, http://ristojurukov.edu.mk/  од 01.03.2020 до 30.06.2020 година. Заинтересираните ученици потребно е само да ја пополнат пријавата со бараните податоци.

Учениците можат да се запишат:
• во деветгодишно основно музичко образование за инструментите ПИЈАНО и ВИОЛИНА (ученици кои во учебната 2020/2021 година ќе бидат прво одделение во основното училиште)
• во шестгодишно основно музичко образование за инструментите ГИТАРА, ФЛЕЈТА и ХАРМОНИКА (ученици кои во учебната 2020/2021 година ќе бидат четврто одделение во основното училиште).

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial