Уредено ново детско игралиште во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“

Во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ уредено е ново детско игралиште со нови детски рекизити. Станува збор за донација од ПАКОМАК ДОО.

Со поставувањето на новите играчки коишто се во склоп на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Клон 4, им се одговара на потребите на најмалите дечиња и претставува дополнување на целокупниот инвентар на детската градинка.

Донацијата се состои од детски лулашки, клацкалка и инфо табла во вредност од 126.850 денари.

Сподели: