Локалната самоуправа на Зрновци започна активности за обнова и уредување на пешачките површини во општината.
Станува збор за фреквентни патеки кои ги користат жителите на општината кои се во лоша состојба и претставуваат опасност по безбедноста за пешаците.


– Денес започнавме со уредување и бетонирање на пешачките патеки од мостот „Капетан Синиша Стоилов“ до Храмот „Св. Димитриј“. Со уредувањето ќе се олесни одвивањето на сообраќајот и поголема безбедност на пешаците – напиша на фејсбук, градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев
Општина Зрновци
