Урнати уште два објекти на улицата „Стево Теодосиевски“

Заврши втората етапа од уривањето на дел од објектите на улицата „Стево Теодосиевкси“ , поранешна „Ленинова“. Со ова продолжуваат активностите за проширување на постоечката сообраќајница и изградба на нов булевар.

Во петокот и саботата, градежни машини на фирмата „Калина“ срушија уште два објекти за кои експропријацијата е завршена, а се очекува следниот период да се продолжи со рушење и на преостанатите.

Локалната самоуправа ќе откупи  вкупно 9.765 квадратн метри, на кои се наоѓаат вкупно 30 парцели, од кои девет се државно земјиште, а на останатите се евидентирани 29 сопственици.  За дел од земјиштата експропријацијата не е завршена, за што се водат судски спорови со сопствениците.

Исто така во тек е јавна набавка за изработка на проект за булевар од кружниот тек кај спојот на ул. „Тодосија Паунов“ со улицата „Никола Карев“ по булеварот „Стево Теодосиевски и „Димитар Влахов“. На овој потег потребно е да се предвидат кружни текови и изработка на основен проект за булеварските улици со потребни потпорни ѕидови. Постапката ќе се спроведе преку Електронскиот систем за јавни набавки, а критериум за избор ќе биде економски најповолната понуда.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial