Усова Чешма без вода поради настанат дефект на главен цевковод

Поради настанат дефект на главен цевковод во населбата Усова Чешма делумно е прекинато водоснабдувањето во оваа населба. Без вода за пиење се улиците “Македонска” и “Искра” каде што е настанат дефектот, но проблеми со водоснабдувањето има и останатиот дел од населбата Усова Чешма.

Екипите на Сектор водовод и канализација работат на целосно отстранување на дефектот.

Целосно нормализирање на состојбата, а поради обемноста на дефектот се очекува утре во попладневните часови.

Бидејќи станува збор за сериозен и комплексен проблем, апелираме до граѓаните да имаат трпение и разбирање за настанатата ситуација.

Сподели: