Успех на гимнастичарите од КГС „Кочани“ на Државниот натпревар во Битола

Во организација на Федерацијата за Гимнастички Спортови на република Северна Македонија, викендов во Битола се одржа годинешниот државен натпревар од „А“ лига во машка и женска конкуренција.

КГС „Кочани“ настапи со седум натпреварувачи, сите во машка конкуренција и освои пет медали од кои две златни и три сребрени.

Со злато се закитија:

Матеј Постолов (Помлади пионери)

Мартин Андонов (Млади јуниори)

Ристе Симеонов (Јуниори)

Сребрените медали се најдоа на градите на:

Андреј Јованов (Млади јуниори)

Димитриј Спасов (Јуниори)

Преостанатите двајца натпреварувачи Лука Естатиев (Помлади пионери) и Петар Тасев (Постари пионери) ги освоија четвртите места во своите категории.

Сподели: