Успешен викенд на членовите на КПС „Осоговски Орел“

КПС „Осоговски Орел“ денес зема учество на второто издание на треил трката за „ВИНО и ЉУБОВ“ која се одржа во околината на село Долни Дисан, Неготино во должина од 8 км.

Членот на КПС „Осоговски Орел“ – Кочани, Ангела Величкова, го освои 3-тото место во категоријата жени.

Ѓорги Величков и Зоран Давитков исто така членови на КПС „Осоговски Орел“ денес го искачија највисокиот врв во Македонија, Голем Кораб на планината Кораб кој се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Албанија со надморска височина од 2764 м. исто така тоа е и највисоката точка во Република Македонија.

КПС „Осоговски Орел“ – Кочани

Сподели: