Успешен настап за борачите на „Спартак“ на Државното првенство во борење во слободен стил за сениори и сениорки

Во организација на Боречката Федерација на Република Македонија (БФРМ) и техничка организација на БК „Бучим“, вчера во Радовиш се одржа Државното првенство во борење во слободен стил за сениори и сениорки.

БК „Спартак“ од Кочани под водство на тренерите Владо Соколов и Зоран Сребренов учествуваше на првенството со десет борачи. На натпреварувањето учествуваа борачи и борачки клубови од цела Македонија.

Борачите на „Спартак“ освоија  еден златен и еден сребрен медал, двајца борачи завршија на 5-тото место, додека останатите натпреварувачи се без пласман.

Марија Христова во категоријата до 55 килограми го освои златниот медал и ја понесе титулата Државен првак во женска конкуренција до 55 килограми, додека Горан Стоилов го освои второто место во категоријата до 86 килограми.

Илчо Веселинов и Леон Трајанов завршија на 5-тото место додека без пласман останаа, Дејан Митев (65), Ефтим Стоименов (65), Александар Павлев (74), Јаким Јакимов (125) и Мартин Кировски (125).

Екипно во женска конкуренција БК „Спартак“ го освои третото место.

Од БК „Спартак“ веќе најавија дека на 5 и 6 март во Кочани ќе се оджи Државното првенство за јуниори каде ќе учествуваат боречки клубови и борачи од Македонија.

Сподели: