Успешен настап на борачите на „Спартак“ на Меѓународниот турнир „Ментас Алајбегу“ во Скопје

Денеска во организација на Боречкиот клуб „Лирија“ во Скопје се одржа Меѓународен турнир во борење „Ментас Алајбегу“ 2023 год.

На турнирот настапија борачи до 15 години од клубови од Р. Бугарија, Р. Албанија и Косово како и натпреварувачи од Р. Македонија, меѓу кои и борачи од БК „Спартак“ – Кочани.

Борачите на „Спартак“ на турнирот се закитија со едно прво, две третти и едно петто место.

Павел Темелков 1 место до 68 кг.
Јован Илиев 3 место до 48 кг.
Христијан Илиев 3 место до 41 кг.
Илија Иванов  5 место до 53 кг.

Борачите на „Спартак“ беа предводени од тренерот Иван Јанев.

И. Матеничарски

Сподели: