Успешен настап на борачите на „Спартак“ на Меѓународениот меморијален турнир „Коцев Љубомир – Листон 2022“

Во организација на Боречкиот клуб „Борец“ – Велес викендов во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се одржа традиционалниот Меѓународен меморијален турнир „Коцев Љубомир – Листон 2022“.

Борачите на „Спартак“ Кочани постигнаа забележителен успе на турнирот на кој настапија со осум борачи кои освоија по еден златен и сребрен и два бронзени медали.

Милан Трендов во категоријата до 68 килограми го освои златниот медал, Андреј Соколов во категоријата до 44 килограми осви сребро, а бронзените медали ги освоија Иле Иванов, категорија до 44 килограми и Дарјан Павлев, категорија до 55 килограми.

БК „Спартак“                                                                                                         

Сподели: