Во организација на Боречката федерација на Р. Македонија и техничка организација на БК „ 7 Мај“ викендов во Прилеп се одржа Државното изборно првнство за мажи и жени јуниори/ки У 20.

На првенството настапија момчиња и девојчиња родени 2002, 2003, 2004 и 2005 година.
Екипата на БК „Спартак“ од Кочани на првенството се натпреваруваа со четири свои натпреварувачи од кои на крајот двајца се изборија за второто место, а двајца се пласираа на петтото место.
„Марија Христова во категоријата до 55 килограми беше втора, а второто место го освои и Андреј Петков во категоријата до 92 килограми.
На петтото место се пласираа Дејан Митев – категорија до 65 килограми и Петар Иванов – категорија до 79 килограми“, соопштија од БК „Спартак“.
