Успешен настап на џудистите од „Гладијатор“ на Државното првенство во џудо

Во организација на Џудо федерацијата на Македонија, денеска во Скопје се одржа Државното првенство во џудо за млади јуниори и сениори.

На првенството учествуваа пет натпреварувачи од ЏК „Гладијатор“ кои постигнаа задоволителен успех и дел од нив се закитија со медали за освоено прво и трето место во своите категории.

Габриел Станоев го освои првото место во својат категорија, додека Петар Новков беше третопласиран. Дамјан Крстов не успеа да победи во борбата за трето место во својата категоријата, додека џудистите Љубица Наунова и Станислав Грпов прикажаа одлични борби и настап што ветува добри резултати во иднина.

На Државното првенство во џудо учествуваа 80-тина натпреварувачи од џудо клубови од Македонија.

ЏК „Гладијатор“ – Кочани

Сподели: